Искуства од ЕУ
Наместо во нови проекти за гасификација, Западен Балкан треба да го насочи фокусот кон модернизација на на енергетската инфраструктура преку вложување во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, беше заклучено на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, што се одржа во Скопје, а ја организиравме со поддршка од Европската фондација за клима.
Говорниците предупредија дека долгорочната зависност од гас може да го забави процесот на декарбонизација и ќе ги пренасочи средствата потребни за енергетска трансформација кон стара технологија чие користење ќе биде краткорочно и неодржливо.
Тие потенцираа дека за да се постигне вистинска енергетска трансформација и да се избегнат економски и еколошки ризици, од исклучителна важност е земјите од Западен Балкан да се откажат од плановите за проширување на гасната инфраструктура и да ги насочат своите инвестиции кон обновливи извори на енергија.
На конференцијата јасно беа дефинирани чекорите што мора да ги преземат земјите од Западен Балкан за да ја избегнат стапицата на зависноста од гас и да обезбедат одржлива и стабилна енергетска иднина.
Учесниците упатија повик до владите и инвеститорите да го забрзаат преминот кон обновливи извори на енергија за да не бидат заробени во технологија и енергенси кои се минато, во време кога Европа се движи кон постфосилна ера.
Забележуваме дека употребата на фосилен гас во Европа се намалува, а истата се очекува да се намали за 30 до 50 проценти до 2030 година, истакна Рафаел Aното, советник за политики во глобалниот тинк-тенк „Е3Г“, на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“.
Поради трендот на намалување на употребата на гасот, гасните компании го промовираат водородот како гасот на иднината кој ќе се пренесува преку постоечката гасна инфраструктура за да го продолжат своето работење и профит од јавните фондови, нагласи Елена Џеребица, истражувачка во организацијата „ReCommon“ од Италија, на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“.
Со драстично зголемување на цените на гасот, Владата на Унгарија беше принудена да ги укине субвенциите за гасот како гориво, со што сметките за енергија за домаќинствата се зголемија повеќекратно. Токму тоа ги стимулираше граѓаните и компаниите да инвестираат во енергетска ефикасност и штедење, потенцираше Габор Хорват, истражувач во енергетскиот истражувачки центар РEKK од Унгарија, на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, осврнувајќи се на ефектите од енергетската криза врз потрошувачката на гас во Унгарија.
Целосната изградба на гасна мрежа во Македонија би чинела меѓу 800 милиони и една милијарда евра, што е сериозен трошок, поентираше Петер Котек, истражувач во РEKK, на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, презентирајќи и анализирајќи го истражувањето за гасификацијата на земјава.
Тој наведе дека гасот како опција за греење не е конкурентен во споредба со другите решенија како што се топлинските пумпи, потенцирајќи дека истовремено тој како енергенс не е ни потребен за домаќинствата.
Gasification plans and building heating options in Macedonia (.pdf)
Иако Западен Балкан има само неколку гасни централи, повеќето земји од регионот имаат планови за изградба на нови капацитети. Наместо тоа, треба да се инвестира во безбедни сончеви и ветерни централи, кои се одржливи долгорочни решенија, истакна Александру Мустаца, од меѓународната мрежа „Beyond Fossil Fuels“, на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, предупредувајќи ги земјите од регионот да не го заменуваат користењето на јаглен со фосилен гас.
Земјите од Западен Балкан се соочуваат со значителни енергетски предизвици и преминот кон гас носи ризици по енергетската безбедност и животната средина, нагласи Глигор Радечиќ, еколошки правник во меѓународната мрежа „CEE Bankwatch Network“,на конференција „Европски и регионални перспективи за напуштање на фосилниот гас“, истакнувајќи ги ризиците од транзицијата кон гас во регионот.
Тој порача дека јавните финансиски институции како Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка треба да инвестираат во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност.
Role of Public Finance in Western Balkans’ Energy Transition (.pdf)