Во април 2025 година Еуростат ги објави ажурираните статистики за цените за гас во Европа. Движењето на цените на гас за домаќинствата во Европа во последните неколку години е во нагорна линија. Во втората половина на 2024 година, цената за гас во домаќинствата била највисока во Македонија, споредено со другите европски држави.
Промената на цените на природниот гас за домаќинствата во Македонија во споредба со истиот семестар од претходната година е меѓу највисоките во Европа и над просекот на ЕУ. Со македонска плата нашите домаќинства може да купат и до неколку пати помалку гас отколку оние во Европа, според цените кои ги имаат тие. Па така, според стандардот на куповна моќ, македонските домаќинства во просек можеле да купат и до 4 пати помалку гас отколку унгарските домаќинства.
Ова е уште една потврда за неисплатливоста за премин кон гас на домаќинствата во Македонија.
Деталната анализа и статистика може да ги погледнете во извештајот на Еуростат (април 2025) на овој линк: https://ec.europa.eu/eurostat/statistics-explained/index.php?title=Natural_gas_price_statistics